Песните од новиот албум „Мила” на Самарџиќ ќе одекнуваат на Античкиот Театар во Охрид

Еден од најголемите балкански романтичари, извонредниот Жељко Самарџиќ за прв пат ќе настапи на Античкиот Театар во Охрид, со неколкучасовен концерт под отворено небо.

Концертот ќе се одржи на 05ти август 2017, сабота.

Жељко вчера го промовираше својот нов албум, како и истоимената песна “Мила”, заедно со нејзиниот спот кој ги остави буквално сите без здив.

Самарџиќ е подготвен пред македонската публика да ги испее хитовите кои што ја одбележаа неговата кариера, како и неговите понови песни од новиот албум “Мила”, кој беше пропратен само со позитивни коментари од страна на неговите многубројни фанови, едноставно љубов на прво слушање.

Атмосферата ќе ја загреат добро познатите Инструментал Бенд.

Инструментал бенд постои веќе 12 години, со активна работа и настапи низ цела земја и надвор од неа. Членови на Инструментал бенд се: Жарко Стојкоски – вокал, Никола Стојановски – гитара, Александар Котевски – клавијатури, Димитар Наумовски – тапани и Михајло Манојловски – бас гитара.

Билетите за овој незаборавен спектакл под отворено небо, може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон, Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.