Екипите на ЈП „Охридски комуналец” денес со зголемени тековни активности во централното градско подрачје и на бул. „Туристичка” поради зголемената посета на гости во градот пред претстојниот празник Илинден. Се засадуваа жардиниери со зимзелени садници на кејот, се косеше тревата и се уредуваа грмушките.