„Катар ервејс“ слави дека е именуван за “Најдобра бизнис класа на светот” на светските награди на меѓународната организација за оценка на воздухопловниот транспорт, „Скајтракс“ во 2017 година, нудејќи им на патниците тарифи од 1469 евра за бизнис класа до популарни дестинации низ својата растечка глобална мрежа, како дел од својата глобална продажна кампања “Летајте со најдобрата светска бизнис класа” која започна оваа недела.
Оваа специјална промоција следи низа големи победи за авиокомпанијата на светските награди на авиопревозниците „Скајтракс“ за време на Париското авиошоу минатиот месец, каде што беше наградена како “Авиокомпанија на годината”, “Најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток” и “Најдобар салон од прва класа во светот”.
Патниците сега можат да ги искористат предностите нa специјални попусти за наградената бизнис класа за популарни туристички и деловни дестинации, вклучувајќи ги и неодамнешните нови дестинации до Ница, Франција, Даблин, Република Ирска и Скопје, како и многу други дестинации дел од брзото проширување на глобалната мрежа на авиокомпанијата. Авиокомпанијата продолжува со своите возбудливи планови за глобална експанзија ова лето, со започнувања на летови до Киев, Украина, Прага, Чешка и Сохар, Оман што почнуваат во август.
Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“ г-дин Ехаб Амин рече: “Ние сме многу горди што ја добивме наградата “Најдобра бизнис класа на светот” од „Скајтракс“, и ние сме среќни да ја прославиме оваа награда со нашите патници од целиот свет. Ги покануваме сите наши патници да ја искористат оваа уникатна промоција која ќе им овозможи да ја искусат нашата реномирана светска класа услуга од прва рака”.
Од 31-ви јули до 9-ти август патниците ќе можат да резервираат летови на најдобрата бизнис класа на светот од 1469 евра до Доха (почнувајќи од 1469 евра), Бангкок (почнувајќи од 2369 евра), Сингапур (почнувајќи од 2889 евра) и Мелбурн (почнувајќи од 3179 евра) за патување до 31 март 2018 година. Понатамошни попусти се нудат и за нашите неодамна објавени нови дестинации Сохар, Оман, Киев, Украина и Прага, Чешка.
Авиокомпанијата неодамна ја претстави новата класа на патнички седишта од бизнис класа, Qsuite, донесувајќи искуство од прва клата во кабината за бизнис класа и поставување на нов стандард во патувањето за бизнис класата.
Qsuite го има првиот двоен кревет којшто е достапен во бизнис класата, со панели за приватност што се склопуваат, дозволувајќи им на патниците во соседните седишта да создадат сопствена приватна просторија. Прилагодливи панели и подвижни ТВ монитори во центарот на четири седишта овозможуваат колеги, пријатели или семејства да патуваат заедно за да го трансформираат својот простор во приватен апартман, овозможувајќи им да работат, вечераат и да се дружат заедно. Овие нови функции обезбедуваат крајно прилагодено патувачко искуство, овозможувајќи им на патниците да создадат средина која одговара на нивните сопствени уникатни потреби.
„Скајтракс“ 2017 авиокомпанија на годината има неколку нови возбудливи дестинации планирани за остатокот од оваа година и 2018 година, вклучувајќи ги и Канбера, Австралија, Чианг Маи, Тајланд, Рио де Жанеиро, Бразил, Сан Франциско, САД, и Сантијаго, Чиле, да именуваме неколку.
За да дознаете повеќе за дестинациите и промоциите на „Катар ервејс“, посетете ја qatarairways.com.qa