Во СРЦ „Билјанини извори“, на централниот терен, денес, ќе бидат изложени трофеите од УЕФА Супер Купот, УЕФА Лигата на Шампионите и УЕФА Лига на Европа. Настанот кој е во организација на Фудбалската федерација на Македонија е отворен за сите посетители кои што за прв пат ќе имаат можност да ги видат и да се фотографираат со трофеите.
Во истиот период на споредните терени околу 120 деца од локалните клубови ќе играат различни фудбалски игри. Настанот ќе се одвива од 18 до 20 часот.