По повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 2 август 2017 година, среда, ќе се обрати на прославата на Националниот празник на Република Македонија, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје, и ќе положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев.
10:00 часот – Полагање цвеќе пред споменикот на АСНОМ, во паркот „Жена-борец”
10:10 часот – Полагање цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија
10:30 часот – Полагање цвеќе и обраќање пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија”.