Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со честитка по повод Илинден

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најголемиот празник на нашата татковина, Илинден.

„Големиот македонски празник Илинден претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес ние да живееме во слободна и независна Република Македонија. На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите Илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија. Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и претставници на народот, упатуваме повик до сите граѓани на Република Македонија, но и до сите политичари да работиме за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваме државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија, стои во честитката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ по повод Илинден.

На сите граѓани им посакаа овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост бидејќи се Македонци.

Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија. Нека е честит и вековит празникот, се додава во честитката.“- стои во честитката.