Владата на вчерашната седница, го усвои текстот на Законот за јазиците во Република Македонија. Со ова владата докажа дека е подготвена да ги води процесите напред.
Освен јазикот, во последно време, особено минатата недела, ова влада постигна еден важен договор за добрсоседски односи со Република Бугарија, и со ова, оваа влада покажува дека има сила за да ги води процесите таму каде што ние сакаме. Ние сме благодарни на сите оние кои дадоа придонес за да се постигне овој договор и за донесувањето на овој закон. Закон кој ги исполнува потребите на сите етникуми кои живеат во Македонија, без потценување на правото на секој граѓани, закон кој го ослободува потребниот простор за реализирањето на секојдневните обврски.
Овој закон се усвои, и чекаме Собранието да го прифати. Чекаме пратениците во Собранието на Република Македонија да се изјаснат по овој закон бидејќи ние се потрудивме во сите аспекти да ги штитиме и најглавните документи на државата како што е Уставот, и, исто така, да го најдеме начинот на реализирањето на овој закон. На таков начин што секој граѓанин на РМ да ги реализира своите потреби
Во ова прилика сакам да им честитам на граѓаните на Република Македонија, особено Албанците, кои ќе имаат еден добар закон кој ќе ги исполни нивните потреби особено во административниот аспект, но, и на повисоко ниво.
Ние сме задоволни од постигнувањето на ова. Верувам дека овој закон ќе го почитуваме сите. Денеска граѓаните на Република Македонија се чекор понапред од реализирањето на практицирањето на државничко однесување.