Да потсетиме има потпишан Меморандум за соработка со една моќна, силна , одговорна и принципиелна политичка партија како што е ВМРО ДПМНЕ. Идеолошки, стратешки и историски огромно мнозинство на Египќани имаат многу допирни точки со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ.
Да потсетам ние како етникум имавме два политички субјекта, Сојуз на Египќани и Партија за Демократско Движење на Египќаните, кои сега за жал се згаснати. Сега, имаме една, за нас Египќаните многу комплексирана и специфична состојба. Ако реално ги погледаме односите на силите, ако не бидеме дел од листите на ВМРО ДПМНЕ, многу тешко можеме да сметаме на советник – Египќанец, а сме втори по бројност во Охрид и Ресен, а исто така сме солидно гласачко тело и во Струга. Некој, би се охрабрил и би можел да направи независна листа, можеби и ќе освои 400 или 500 гласови, но тоа е пораз. Затоа треба да размислуваме без емоции, да размислуваме за колективитетот, за колективните права на Египќаните и начинот истите да бидат институционално интегрирани , а да не бидат предмет на „тивка асимилација“.
Таа можност ни ја даде г-дин Никола Груевски и јас лично сум голем оптимист дека на листите на ВМРО ДПМНЕ, особено во Охрид и Ресен ќе има на добитни места,а очекувам да има и на листите за советници и во Струга, но потенцирам за Охрид, бидејки сме второ гласачко тело и жалосно е тоа да не се ефектуира во интерес и на ВМРО ДПМНЕ како и во интерес на Египќаните и нивниот напредок во секое поле.
Ако така се постават работите огромно мнозинство на Египќани, би го подржале кандидатот за Градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, чии гласови можат да одигаат решавачка улога.
Со почит,
Демир Далип, лидер на НВО Коалицијата на Египќаните
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.