Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува :
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/17
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 866ха 75ар 56м2 и тоа за следните региони во Република Македонија: Неготино,Берово,Пробиштип,Кисела Вода,Кичево,Прилеп.
Додаток за преземање со детали за огласот:
Додаток за преземање:
oglas za zemjiste.doc
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 6 Август 2017
Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/17
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595ха40ар 38м2воследните региони во Република Македонија: Виница,Битола,Гевгелија,Ресен,Струга,Кавадарци,Кратово,
Кочани.
Додаток за преземање со детали за огласот:
Додаток за превземање: