Вчера во 15:10 часот во Полициска станица-Струга од Медицински Центар-Струга, пријавено е дека кај нив е донесен О.Н.(31) од Струга кој бил повреден со остар предмет (нож) во пределот на стомакот, по што е задржан на лекување.
Од извршениот разговор дојдено е до сознание дека поради нарушени семејни односи дошло до физичка пресметка помеѓу О.Н. и неговиот брат Т.Н.(28), при што во еден момент Т.Н. извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот на О.Н., а потоа го напуштил местото на настанот. По целосно расчистување и документирање на настанот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.