Според најновата Одлука на Регулаторната комисиј за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,28%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.07.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,516 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,197 ден/кг.