Во рамки на одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, Црвен крст Охрид во текот на целиот ден на 8 август 2017 година, на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 – 23 ч. во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ Охрид ќе врши здравствено-превентивни прегледи.
Медицинските екипи на Црвен крст Охрид, Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението Мозочен удар ќе бидат на располагање на сите заинтересирани охриѓани и гости кои ќе имаат желба и потреба да го дознаат своето ниво на шеќер во крвта, како и да направат основен здравствен преглед-мерење на крвен притисок, ЕКГ и да добијат корисни совети за заштита на своето здравје особено при екстремно високи температури на воздухот.