Владата на Република Македонија денес ќе ја одржи 22-та седница. На седницата, членовите на владата ќе ја разгледаат информацијата на Центарот за управување со кризи, за активностите поврзани со кризната состојба на дел од територијата на Република Македонија, за период од кога е донесена мерката до денеска, како и информацијата на Министерството за здравство по однос на препораките од Комисијата за превенирање на последиците од топлотни бранови.
Членовите на Владата на Република Македонија на денешната седница ќе ги разгледаат и извештаите за работата на Судски буџетски совет и за реализација на судски буџет за 2016 година, како и годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година, на предлог на Министерството за финансии.
Како предлог на Министерството за економија, на денешната седница на владата, ќе се најде и информацијата во врска со формирање на работни групи за подготовка на нацрт текст на нов Закон за енергетика.
На денешната седница на владата ќе бидат разгледани и некои кадровски прашања, како и повеќе други информации од интерес на граѓаните на Република Македонија.