По објавувањето на резултатите од анонимниот конкурс за расказ за наградата „Живко Чинго“, што традиционално ја доделува Општина Охрид, се јави авторот на наградениот расказ „Во рогот на волот“ Блаже Миневски. Авторот на наградениот расказ Блаже Миневски е познат новинар,раскажувач,романсиер и драматург, кој има издадено дваесетина публикации и е добитник на бројни награди и признанија.
Расказот што беше испраетен под шифра „Чадор“ според комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски, се издвојува со извонредната наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи.
Наградата во износ од 30.000,оо денари, на добитникот ќе му биде врачена на манифестацијата „ Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август пред споменикот на Чинго во атарот на црквата „ Света Петка“ во селото Велгошти.
Во прилог pdf формат наградениот расказ „Во рогот на волот“ – Блаже Миневски.