Викендов ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2017

И оваа година македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде взаемно ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења.

На Фестивалот кој ќе трае два дена, односно 11-ти и 12-ти август учество ќе земат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот.

Во рамки на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, истовремено ќе може да уживаат во културно – уметничката програма.

ПРОГРАМА ФЕСТИВАЛ ВИНО И СИРЕЊЕ

11-12 АВГУСТ, 2017 ОХРИД,

мал плоштад Крушевска Република

Прв ден (11.08.2017)

17:00 часот Поставување на штандовите и распоред на учесниците

20:00 часот Свечено отворање и поздравен говор

20:15 часот Презентација и дегустација на производи

20:30 часот Свечено отварање на интернационалниот фолклорен фестивал “Македонско Сонце“

Втор ден ( 12.08.2017)

17:00 часот Поставување на штандовите

20:00 – 22:30 часот Презентација и дегустација на производи збогатена со културно уметничка програма -Интернационален фолклорен фестивал „Македонско сонце“.