Меѓународен ден на младите

На 17 декември 1999 година, во својата резолуција 54/120, Генералното собрание на Обединетите нации ја поддржа препораката од Светската конференција на министрите одговорни за младите (Лисабон, 08-12 Август 1998) 12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите.

Темата на Меѓународниот ден на младите за 2017 година е: „Младите за градење на мирот“, која  е посветена на славењето на придонесот на младите луѓе во спречувањето и трансформацијата на конфликтите, како и вклучувањето, социјалната правда и одржливиот мир.

Агендата за одржлив развој од 2030 година, посветена на негување на мирни и инклузивни општества, потврди дека „одржливиот развој не може да се реализира без мир и безбедност“. Светската програма за акција за младите, која обезбедува рамка на политики и практични насоки за подобрување на состојбата на младите, исто така, поттикнува „промовирање на активно вклучување на младите во одржувањето на мирот и безбедноста“.

WebOhrid