На програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е концерот на шпанскиот гитарист Игнасио Родес.
На репертоарот се делата „Танго“, „Арапско капричо“ и Гранд Валс“ од Франциско Тарега, како и друг композиции од Квентин Ескембре,
Салвадор Бакарис, Мануел де Фала, Хулиан Баутиста, Едуардо Лопез Чавари и Турина Хоакин Турина (1882-1949)
Победникот на пет интернационални натпревари меѓу кои „Андрес Сеговија“, „Франциско Тарега“ и „Хозе Рамирес“, Игнасио Родес е признат како еден од најталентираните гитаристи на неговата генерација.
По брилијантното деби во „Вигмор хол“во 1986 година во Лондон, неговите настапи го водат низ целиот свет, во повеќето европски земји, но и во САД и Јужна Америка. Свирел во најпознатите концертни сали меѓу кои Операта во Франкфурт, салата на филхармонијата во Санкт Петербург, концертната сала во Сан Франциско, театарот во Каиро, Шопеновиот музеј во Варшава, Палатата на музиката во Барселона, Центарот за современа музика во Анкара, концертната сала во Мексико и многу други. Настапува со Англискиот камерен оркестар, симфониските оркестри во Галиција и Мадрид, оркестарот Хо Ши Мин, оркестрите на Тенерифе, Анталија, филхармониите во Белград и Барселона итн.
Дискографијата на Родес вклучува 5 ЦД-а за различни издавачки куќи меѓу кои и ЕМИ класикс. Игнасио Родес е професор на Конзерваториумот во Аликанте и редовно одржува мајсторски курсеви низ целиот свет.
Концертот на шпанскиот гитарист Родес ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.