Канцеларија на Креативна Европа – Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивали се поддржани од Програмата Креативна Европа.
Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми на Креативна Европа – Култура и МЕДИА. Ќе се дискутира за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“, за препораките за Програмата по 2020 година, ќе се дискутира среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе се презентираат информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, ќе се презентираат модели за барање на партнери и др.
Во продолжение следуваат учесниците и термините на дискусиите во програмите на овие два фестивали.
МАКЕДОКС 2017 година:
„Креативна Европа (МЕДИА и Култура)“
23 август 2017: Фестивалот за креативен докуменарен филм „МАКЕДОКС“ 2017 година:
Место: црква Св. Спас (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) – Скопје
Време: 11:00 часот
Учесници: Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески и Билјана Прентоска Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на Република Македонија
Струшки вечери на поезијата 2017 година:
„Креативна Европа по 2020“
24 август 2017: „Струшки вечери на поезијата“
Место: Хотел „Дрим“ ( Пијано бар) – Струга
Време: 16:30 часот
Учесници: Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Македонија, Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Бугарија, Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија и претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“. (повеќе за Платформата на http://www.versopolis.com/)