Договорена средба меѓу Министрите Димитров и Дачиќ

Од МНР информираат дека штотуку заврши разговорот меѓу министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ. Во отворен разговор во врска со неодамнешните случувања, министерот Дачиќ информираше дека персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на утрешниот ден (четврток, 24 август).

Согласно договореното меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат веќе овој петок во Ниш, Република Србија.