Денес се изврши чистење на просторот кај комплексот згради на ул. „Никола Карев” и бул. „Туристичка”, околу трговскиот центар „Трудбеник”.
„Се чистеше комунален отпад коj е расфрлан од страна на околните станари во дворовите на зградите. Иако не се работи за јавна површина во која ЈП „Охридски Комуналец” има надлежност, сепак во интерес на јавната хигиена и грдата слика која се гледаше, се изврши чистењето. Апел до надлежните куќни совети, во однос со законските надлежности, нивна е одговорноста за чистотата и хигиената на просторот.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.