Државниот секретар Несторовска заедно со претставници од ЕУ и Меѓународната организација за миграции ја посетија јужната граница

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од м-р Магадалена Несторовска државен секретар и национален координатор за трговија со луѓе и илегална миграција, заедно со претставници од Европската Унија и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) ја посетија јужната граница на Република Македонија каде можеа да ги проследат различните програмски активности финансирани од Европската Унија. Во рамки на посетата високите претставници се сретнаа и со дел од полициските службеници од унгарскиот контингент каде што разговараа околу предизвиците со кои се соочуваат и активностите што секојдневно ги преземаат заедно со македонските колеги во обезбедувањето на државната граница .