„Македонија и да сакаше не ќе можеше да најде така успешен – до перфекција – амбасадор, човек кој колку што се афирмираше себе уште повеќе ги афирмираше својот народ и својата држава“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во Крушево на отварањето на првиот, меѓународен, “ФИС ролер ски куп Тоше Проески“, меморијална спортска манифестација на која што во наредните два дена ќе учествуваат претставници од Австрија, Србија, Хрватска, Романија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија, Грција.
Заблагодарувајќи се во свое име и во име на Владата на Република Македонија за честа да се присуствува на отворањето на ваква значајна манифестација, министерот Спасовски нагласи дека овој настан сам посебе- “неможе да ја ублажи болката, неможе да го надомести ненадоместливото, особено не за оние коишто го создадоа и израснаа Тошета, неговите најблиски. Но, она што оваа манифестација го прави е – победата над заборавот, задржување на макар мал дел од тој маркантен дух на Тоше, тука меѓу нас, облагородувајќи не , крепејќи не, и потсетувајќи не, постојано, за бескрајното чудо на човечкиот талент и можности што така супериорно Тоше им ги подаруваше на сите нас“.