СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:
„После 11 години стоење во место, поради режимско, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Македонија сега оди напред водена од нови политики и вредности.
Заврши времето на чекање, заврши времето на злоупотреба на државата и иднината на земјата ставена исклучиво во функција на криминални апетити на Никола Груевски.
Новата власт предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се реализираат реформи коишто ја враќаат земјата на евроатланскиот колосек, се спроведуваат мерки коишто ја движат земјата кон прогрес и носат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на платите, зголемување на животниот стандард, подобрување на условите за работа на фирмите.
Македонија не чека повеќе, Македонија оди напред.“ – стои во соопштението.