Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата Маја Иванова и синот Иван Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваше на црковно-народниот собир во кругот на обновената црква „Успение на Пресвета Богородица” во село Скребатно, општина Охрид.
Претседателот Иванов им го честиташе големиот христијански празник на присутните верници и им посака празничниот ден да го поминат во добро здравје, радост и среќа.