Меѓународен ден против нуклеарни проби

На 2 декември 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 29 август за Меѓународен ден против нуклеарни проби со едногласно донесување на резолуцијата 64/35. Резолуцијата повикува на зголемување на свеста и образованието „за ефектите од тестирањето на нуклеарното оружје или било кои други нуклеарни експлозии и потребата за нивно престанување како еден од начините за постигнување на целта за светот да биде без нуклеарно оружје.“ Резолуцијата беше иницирана од страна на Казахстан.

Денот има цел да ги поттикне Обединетите нации, земјите-членки, владините и невладините организации, академски институции, младински мрежи и медиуми, да информираат, едуцираат и да се залагаат за потребата од забраната на пробите на нуклеарното оружје како важен чекор кон побезбеден свет.

WebOhrid