Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на осамостојување на Република Македонија – 8 Септември, ја организира традиционалната велосипедска тура „Западна магистрала”, на 02.09./Сабота/ 2017г.
Настанот ќе се одржи на релација Маврово, Стража, Кичево, Демир Хисар, Битола во должина од 120 км.
Саатница на движењето: Почеток од Маврово во 7:30 часот, Стража-официјален СТАРТ во 8:00 часот, Кичево во 9:00, Демир Хисар во 10:30, а пристигнувањето во Битола ќе биде околу 13:00 часот во центарот пред хотел Епинал.
Учесниците на настанот, традиционално од 2012 година се: велосипедскиот ветеран Ѓорѓи Кузмановски на возраст од 76 години и Дејан Момировски на 50 годишна возраст, исто така ветеран во велосипедскиот спорт.
Во караванот се две возила соодветно означени со по 2 придружника. Вкупно караванот ќе брои 6 учесници, а од настанот ќе биде подготвен снимен материјал.
Овој настан е дел од програмата на Агенцијата за млади и спорт на РМ за одбележување на празникот 8 Септември. Секоја година настанот се одржува на различни дестинации низ Македонија.
Во организација на настанот е вклучен и Сојузот на спортови на Битола.