ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.
„Ваквите големи празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво, моменти во кои духовното се издигнува над материјалното.
На празникот Курбан Бајрам, кој е синоним на солидарност и грижа за роднините, пријателите, сограѓаните, сиромашните, болните и осамените, обединети и со заеднички сили покажуваме меѓусебно почитување на верските разлики , упатувајќи силна порака дека заедно можеме да градиме цврсти врски на соживот и меѓусебно разбирање и толеранција, бидејќи само така ќе успееме да созадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет како во нашиот град така и во нашата држава.
Негувањето на добрата мисла,и добрите човекови дела , нека владеат како за празникот така и во текот на целата година. Овие вредносtи се богатство во нашето општество, а нивното зачувување е обврска како кон нашите предци, така и кон идните генерации.
Во духот на заедништвото Ви посакуваме убава празнична атмосфера исполнета со божја милост.
Нека е честит празникот и за многу години!“- стои во честитката.