Општина Дебрца во соработка со ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје Друштво за управување со отпад, организира наградна игра под мотото ,,Да рециклираме и да се наградуваме,, чија цел е собирање на електричен и електронски отпад, намалување на штетното влијание врз животната средина, еколошките ризици како и здравјето на луѓето.
Во општина Дебрца, акцијата започнува на 4-ти септември, а завршува со извлекување на наградите на 31-ви октомври 2017. Примање на отпад ќе се врши од 08:30 до 16:30 часот, секој ден освен сабота, недела и за време на празниците.
Награден фонд: ЛЕД ТВ , фотоапарат Sony DSC W800B, Gigabyte смарт телефон G Class – LTE, Dual Sim, 5.00″ HD IPS(1Z80*720 pix), Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи SM626.
Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко-магацинот на Елколект ДОО, односно пред општинската зграда во село Белчишта.
Секој кој ќе донесе електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект на наведените локација во село Белчишта пред општинската зграда, ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници.
За секој поединечен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда. Одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат и електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.
Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на Општина Дебрца.
Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и сл., и истите ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад од своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од петте вредни награди.
Општина Дебрца во соработка со компанијата Елколект ДОО, ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад.