Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев имаше обраќање на Израелскиот совет за меѓународни односи, чиј организатор се Советот и Светскиот Еврејски Конгрес во Израел.
„Потребен ни е безбеден свет“, порача премиерот Заев пред дипломати, академици, професори, експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи, присутни на работниот ручек на Изралексиот совет за меѓународни односи.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, констатираше дека раковоствата на државите, но и интелектуланата јавност се должни да придонесат за безбедноста и стабилноста на светот.
„Безбеден свет значи просперитетен свет којшто на тој начин може да се фокусира на економскиот развој„, рече премиерот Заев.
Тој нагласи дека е важно е да се идентификуваат новите глобални предизвици како и можностите за справување со нив во интерес на сите граѓани.
„Сите сме свесни за главните светски предизвици. Радикализмот и екстремизмот се проблеми коишто се на прагот на Израел веќе многу години, но денес се во фокусот на интересот на сите земји во светот. Нелегалната имиграција, којашто го отвора патот за зацврстување на екстремистите и ширење радикални идеи, треба да претставува црвен аларм за сите, да најдеме начин за решавање на овие предизвици и да ги заштитиме животите на нашите граѓани.
Постојат можности за тоа. Политичката волја е силна. Ние треба поинтензивна соработка меѓу државите повеќе од кога и да е, ако сакаме да обезбедиме светски мир“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, додаде дека „Република Македонија, заедно со другите земји од балканскиот регион, работи на зајакнување на регионалните врски и преку евро-атлантските интеграција гледа можност за зајакнување на столбовите на заедничка стабилност и безбедност“.
Тој рече дека Република Македонија е охрабрена од поддршката на САД на Македонија и на регионот. Исто така, премиерот Заев оцени дека гледа огромен потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Израел во областа на безбедноста.
„Веќе имаме добра соработка во однос на размена на информации. Ние би сакале да ги искористиме можностите за понатамошно развивање на воено-техничката соработка со Израел. Сакаме да отвориме и нови перспективи. Една од нив е потенцијалната економска соработка, за што преземаме конкретни чекори со оваа посета, преку Бизнис форумот на којшто ќе се сретнат претставниц од деловните заедници на двете држави,“ рече меѓу другото премиерот Заев во обраќањето на Израелскиот совет за меѓународни односи, каде одговараше и на прашања на присутните за актиелни прашања за Македонија и регионот.
Светскиот Еврејски Конгрес и Израелскиот совет за меѓународни односи на крајот од состанокот му доделија Признание на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за неговиот личен придонес во развојот на демоктатијата, пријателствата во светот, европските вредности, економската соработка помеѓу Македонија и Израел како и почитта и заштитата на еврејското историско и културно наследство во Македонија.