Од полноќ бензините со нова цена

Според најновата Одлука на регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,61%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.08.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 21.08.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.08.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,112 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.08.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,881 ден/кг.

WebOhrid