По најавите за намалување на фондот на часови од страна на СДСМ, наставниците се загрижени за укинување на предметите, истакна наставникот Ирена Попова на денешната трибина Отворено со Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите се прашуваат кои предмети ќе се укинат? Кој изборен предмет ќе се укине? Која е алтерантивата? Голема е загриженоста и кај наставниците, но и кај родителите и учениците, вели Попова.
Задолжителното бесплатно образование, бесплатните учебници за учениците и останатите реформи кои ги направи ВМРО-ДПМНЕ во образованието, според Попова имаат многу бенефити.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ започна со најновиот начин на комуникација со граѓаните, тие од пред неколку дена преку трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“, се уште поблиску до народот. Денеска трибина имаше комисијата за образование и наука.