Денес дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на ул. „Дејан Војвода”, каде се косеше тревата покрај патот и темелно се метеше и чистеше. Со овие активности, и покрај празникот, екипите ќе бидат на терен и во наредните 3 дена е продолжат на улиците „Стив Наумов”, „8ми Март”, „Крали Марко”, „Абаз Емин”, „Охридска Бригада” и „Бекир Алириза”. Други екипи, согласно одлука на совет на Општина Охрид за одржување на манифестации на јавна површина, имаа обврска за одржување на хигиената пред, за време и после завршувањето на фестивалот “Охридски Трубадури”.