Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, на градските гробишта Бутел во Скопје оддаде почит и положи венци со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Должната почит кон споменот на двајцата претседатели на овој ден, е признание за нивниот исклучителен придонес во создавањето и негувањето на придобивките од независноста на Република Македонија.