ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка го граѓаните, по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија.

„Почитувани,

Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8 ми Септември 1991 година, датум кој покрај двата историски Илиндена засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест.

Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед на предизвиците кои доаѓаат. На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашиот град Охрид успешен и пријатно место за живеење за секој граѓанин.

Со огромна гордост Ви го честитаме овој значаен празник со желби за вечност на македонската нација. Нека е силна и вечна нашата земја, затоа што секој човек има свето право на свој дом, на свое огниште и на своја земја !

Нека идеалите за слобода и независност останат вечни.

Нека 8 Септември остане силно врежан во нашиот национален код и нека продолжи да биде светилникот на историската визија за благосостојба, хармонија, соживот и разбирање на сите народи и етнички заедници во Република Македонија.

Нека е вековит празникот 8 Септември, Денот на Независноста!

Нека е вечна Република Македонија!“- стои во честитката.