Македонското здружение за заштита при работа” во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со Државните институции “, организира тридневен тренинг за основи за безбедност и здравје при работа, стандарди, услови за работа, застапување и лобирачки вештини на претставниците на Граѓанските и медиумските организации. Настанот ќе се одржи од 12-14 септември 2017 година во хотел Аквалина, Oхрид.
На тренингот учество ќе земат претставници од медиумските и Граѓанските организации. Своето искуство и пренос на знаења од областа на БЗР, лобирање и застапување на целната група ќе го споделат еминентни експерти од земјава и ЕУ регионот.
На тренингот ќе биде промовирана кампањата “No time to lose” од страна на г.дин Paul EYRE од IOSH и EU-OSHA кампањата “Healthy Workplaces for All Ages” од страна на г.дин Tsvetomit TSANEV.