Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” г. Благоја Куновски – Доре.
На средбата беше разговарано за предвидените програмски содржини на годинешното 38. издание на фестивалот, за севкупната организација на манифестацијата, како и очекувањата од претстојниот филмски фестивал.
Под мотото „Movie ON! Touch the light”, годинешниот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола.
Покровител на овој реномиран филмски фестивал е Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.