Лазовски на средба сo министерот за култура на Црна Гора

Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски вчера во Цетиње оствари срдечна средба со министерот за култура на Република Црна Гора, Јанко Љумовиќ.

На средбата, заменик-министерот Лазовски и министерот Љумовиќ разговараа за спроведувањето на Програмата за култура помеѓу двете земји, која е потпишана со важност до крајот на 2019 година. Воедно, тие отворија и прашања за конкретни проекти, кои би можеле заеднички да се реализираат, а се однесуваат на поголема поддршка на независниот сектор како мотивирачка сила во културата.

Освен тоа, Лазовски и Љумовиќ разговараа за состојбата и можната соработка во областа на заштитата на културното наследство, креативните индустрии,како и во театарската уметност. Беше договорено вообичаената добра соработка на културен план помеѓу Македонија и Црна Гора да се поткрепи и со одделни меморандуми по дејности.

Заменик-министерот Лазовски упати отворена покана до министерот Љумовиќ за посета на Македонија.