Македонската православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид, во манастирот „Св.вмч. Георги – Кнежино, Кичево прославија 50 годишни на МПЦ-ОА и 50 години од формирањето на Дебарско – кичевската епархија“.
Прославата започна на 16.09.2017 година, со свечена воскресна Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се осврна на делото на Митрополитот Тимотеј, како пример за сите архиереи кои сакаат да го следат.
Прославата продолжи утредента, со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел и Иларион, епископот Климент, архимандритите Нектариј и Партениј, игуменот Јаков, протоереј-ставрофорите Тоди Јован, Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоереите Стевчо Тошевски и Васко Голабоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Александар Матески и Роберт Илијевски, протоѓаконите Ратомир Грозданоски, Саше Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески, Христијан Костоски и Александар Димоски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.
Димитрија Наумоски од Кичево, поради својата исклучителна заложба во градењето на новиот конак, беше одликуван со Орден на свети Наум Охридски од прв ред. Орденот лично му го додели Митрополитот Тимотеј.