Во ОУТУ „Ванчо Питошески” се одржа едукативно предавање во соработка со ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, на тема „Сексуално преносливи болести и ХИВ/СИДА“.
Опфатени беа ученици од сите наставни години.
На учениците им беше укажано за пренесувањето – трансмисија, најчести знаци – симптоми, што треба да се направи – третман, како да се заштитат и да се спречи – превенција од сексуано преносливи инфекции.
Учениците и понатаму ќе продолжат да се едуцираат на теми за здраво живеење и од останати области во текот на учебната година.