Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Мексикански Држави, г. Енрике Пења Нието, по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на Мексико.
Почитуван господине Претседател,
Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа.
Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата, и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Сигурен сум, господине Претседател, дека со Вашето лидерство, Соединетите Мексикански Држави брзо ќе ги надминат последиците од оваа природна катастрофа.
Примете ги, Ваша Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување.