Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У. (42) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти јули годинава во 21 часот и 30 минути на булевар „Туристичка” над Градскиот пазар, во момент кога униформиран полициски службеник преземал мерки за спречување на нарушен јавен ред и мир.
Пријавениот Н.У. кој бил на местото на настанот, вербално го нападнал полицискиот службеник барајќи од него да си оди од местото и да не се меша во нарушувањето со образложение дека сами ќе го решеле проблемот. Откако, полицискиот службеник му издал јасна и недвосмислена наредба да остани на страна и продолжил со преземање службени мерки за расчистување на нарушувањето, пријавениот Н.У. извршил физички напад, удирајќи го полицискиот службеник со десниот лакт од раката во пределот на стомакот. Од ударот, полицискиот службеник паднал на асфалтот здобивајќи се со повреди по телото по што, бил префрлен во Општата болница во Охрид заради медицински преглед.