Во рамки на активностите на 72 Генерално Собрание на ОН во Њујорк, премиерот Заев оствари средба со претседателот на Генералното Собрание на ОН и голем пријател на Македонија Мирослав Лајчак.
На средбата се дискутираше за ситуацијата на Западен Балкан но и за промените кои се подготвуваат во ОН.
Премиерот Заев изрази целосна поддршка на приоритетите предвидени за мандатот на претседателот на ГС на ОН, Лајчак и заедно ги истакнаа мултилатерализмот и превентивната дипломатија како најдобри методи за решавање на разликите меѓу државите и народите.