Во наредната декада Македонија мора да остане земја со најниски даноци во светот, со најниска ефективна даночна стапка во светот, како што е и во овој момент, и со рамен данок, рече Никола Груевски во своето обраќање.
„Промената во давачките мора да оди единствено надолу односно да е поповолна за даночните обврзници. Државата треба да зема помалку од поединецот/работникот и од компанијата/бизнисот, затоа што обрзниците најдобро знаат како да располагаат со вишокот на средства кои ќе останат кај нив наместо истите средства да одат кај државата. Ние имаме кредибилитет за решенија и поволни новитети!“, рече Груевски.
Платите и пензиите мора да се зголемуваат!
„Привлекувањето на странски инвеститори да отворат фабрики, подршката на домашните компании за развој и отворање на нови работни места, капиталните инвестиции во инфраструктурата кои обезбедуваат вработувања, и намалувањето на невработеноста, ќе обебзбеди плата за оние кои сега ја немаат, и ќе доведе до позитивен притисок врз работодавачите да ги зголемат платите на постоечките вработени. Овој факт, и фактот на социјално ориентирана граѓанска десница која се грижи за повозрасните, ќе доведе и до пораст на пензиите. Зголемените плати и пензии ќе имаат позитивно влијание и врз јавната потрошувачка на стоки и услуги за широка употреба што пак ќе придонесе за враќање на парите во стопанството, пред се во малиот и среден бизнис, и позитиван акцелерација и мултипликација на националното богатство. Поголемите плати особено во цивилните столбови на општетсвото (здравство, образование, судство) ќе придонесат и за намален степен на корупција“, рече Груевски.