Средба на министерката Дескоска со претставници на Светска банка

Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка, на која присуствуваа и директорот на Фондот за иновации и развој, како и претставник од Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации.

На средбата се разговараше за планираните реформи во областа на средното и високото образование, проектите кои МОН ги има со Светска банка, како и за понатамошната соработка помеѓу двете институции.

На средбата, министерката Дескоска ги истакна приоритетите на Министерството за образование и наука и ги запозна претставниците на Светска Банка за најавените реформи во областа на високото образование, а во однос на непродуктивните трошења во рамки на ресорот, министерката Дескоска се заблагодари за поддршката и истакна дека следењето на препораките на Светска банка ќе помогне да се зголеми ефикасноста во трошењето.