На премиерниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид Митко Тилевски. Тој кажа дека му причинува особена чест и задоволство, денес токму од оваа говорница со означувањето на почеток на големата кампања за овие локални избори, да Ве поздравам и да ја најавам големата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и низ целата татковина.
„Македонци, Турци, Срби, Египќани, Власи, Роми, Бошњаци, Албанци, Застануваме гордо, со визија и сила. Дали сте подготвени да одиме и чекориме во нови победи? Целата оваа љубов и позитивна енергија што произлегува од вас е доказ за новата победа на овие локални избори. Да продолжиме таму кај што застанавме, со нови идеи, проекти и дела, затоа што Охрид и може и знае уште подобро. Моето срце чука со илјадници срца за подобро утре. Вие ме знаете, ние се познаваме и знаете дека ќе создадеме уште повеќе за нас, за Охрид. Јас еднаш сум положил заклетва дека етички ќе ја извршувам должноста во мојата професија како доктор. Горд сум на тимот што веќе деценија бевме институција за почит и направивме многу позитивни работи за Охрид,“ изјави Тилевски.