Европски ден на јазиците

Европската година на јазиците во 2001 година, како настан организиран заеднички од страна на Советот на Европа и Европската Унија, беше успешен во вклучувањето на милиони луѓе од 47 земји-учеснички. Целта на активностите беше да се прослави во име на јазичните разлики во Европа и да се промовира учењето на јазици.

Следејќи го успехот на тој настан, Советот на Европа го прогласи Европскиот ден на јазиците да се слави секоја година на 26 септември.

Општите цели на Европскиот ден на јазиците се:

  • Известување на јавноста за важноста на учењето на јазиците и проширувањето на листата на изучени јазици со цел да се зголеми плурилингуализмот и меѓукултурното разбирање;
  • Промовирање на богатата јазична и културна разноликост на Европа, која мора да се негува и чува;
  • Поттикнување на доживотното учење јазици во и надвор од училиштата, како за студирање, така и за професионални потреби или за задоволство и размена.

По повод овој ден, се организираат голем број на настани низ Европа: активности за и со децата, телевизиски и радио програми, јазични настави и конференции. Националните власти и други партнери имаат одврзани раце за организацијата на активностите. За да се координираат активностите организирани на национално ниво, Советот на Европа бара од земјите учеснички да номинираат Национални претставници за тој ден.

WebOhrid