Кандидатот за советници од листата на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Ангел Јанев денес одржа прес-конференицја за проектот Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение.
„Во изминатите 4 години, во услови на блокирана сметка, во услови на задолжена општина се постигна неверојатното. Вратени и се враќаат долгови, се работеше тековно, без застој и новонастанат долг, и се инвестираше во нови, видливи о помалку видливи – но многу корисни, за вас и за нас и за гостите, проекти. Во идните 4 години, новиот градоначалник Др Митко Тилевски, на кој Вие треба да му ја дадете можноста, со која не смее да преќинува многу започнати проекти, туку напротив, … Да ги заврши започнатитте и да започне и заврши нови проекти. Во сите сфери на локалното живеење. Зошто? Затоа што, најголемиот дел од нив представуваат предизвик за живеење, учење, вработување, напредување и останување за живеење во Охрид и во Р.Македонија – во сопствената земја, со сопствен јазик, со заеднички идеи,… Тоа е најважната цел … предизвик на сите нас. Во минатите неколку години, во Охрид, се вратија долговите на училиштата, се реновираа многу охридски училишта или делови од нив, се затворија многу чудно изнајмени делови од училиштата и се пренаменија во корисни детски објекти, се отворија градинки во с.Лескоец, во с.Пештани, во с.Велгошти, во населбата Радоица Новичиќ.“– истакна Јанев.
Како што рече, со новата програма на канидатот за градоначалник, Др Митко Тилевски се предвидува, со помош на државни и општински средства, да се отворат до 3 нови градинки со капацитет до 490 места.
Во новата програма на др Митко Тилевски, се предвидува и проектот, „здрава исхрана“ за сите ученици во пониските одделенија, од 1-5 во основните училишта, со што би се развила културата за здрава, но не и брза храна, на товар на буџетот на општината Охрид, со што би се уштедил дел од буџетот на семејствата, на помладите семејства,Порачуваме и подучуваме, Секој говор на омраза – за овие избори да се замени со говор НА ПРОЕКТИ. Нека бројот 13 преку ликот и визијата на идниот градоначалник Др Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија бидат гаранција дека многу корисни одлуки за градот, предложени и одобрени од Советот на општината ќе бидат предизвик,…“- додаде Јанев.
WebOhrid