Кривична пријава за Италијанец кој во неговата куќа во Лескоец и се заканувал на скопјанка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д.(68) од Вербаниа, Република Италија, со место на живеење во охридското село Лескоец.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 27-ми јули оваа година околу 11:00 часот во семејната куќа во Лескоец. Тука, тој без некоја посебна причина започнал жестока расправија со оштетената А.А. (67) од Скопје упатувајќи и на висок тон низа навредливи зборови.

Во моменти на агресивност, пријавениот на оштетената А.А. и упатил сериозни закани по нејзината сигурност и нејзиниот живот, посочувајќи ја фиоката каде биле ножевите. Со извршувањето на казненото дело, сега пријавениот Д.Д. предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената.