Иако овој ден се одбележува уште од 1953 година од страна на Меѓународната Федерација на преведувачи, сепак, оваа година, Обединетите нации за првпат го прославуваат Меѓународниот ден на преводот. На 24 мај 2017 година, Генералното собрание ја усвои резолуцијата 71/288 за улогата на јазичните професионалци во поврзувањето на нациите и за поттикнување на мирот, разбирањето и развојот, и официјално го прогласи 30 септември како Меѓународен ден на преводот.
Одбележувањето е наменето како можност да им оддаде признание на професионалците во областа на јазикот за нивната работа, која има важна улога во спојувањето на народите, олеснување на дијалогот, разбирањето и соработката, придонесувајќи за развој и зајакнување на светскиот мир и безбедност.
Транспонирањето на литературно или научно дело, вклучително и техничката работа, од еден јазик на друг јазик, професионален превод, вклучувајќи соодветен превод, толкување и терминологија, е неопходно за зачувување на јасноста, позитивната клима и продуктивноста во меѓународниот јавен дискурс и интерперсоналната комуникација.
WebOhrid