Објавен редизајнираниот Конкурс за Годишната програма во културата за 2018

На денешната прес-конференција во Даут-пашиниот амам во Скопје Министерството за култура го објави Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година. „Моделот што сега го нудиме ќе излезе во пресрет на културната јавност која имаше забелешки на досегашните конкурси, и ќе отвори можности за рамноправен и децентрализиран пристап со кој ќе се покажат вистинските вредности во културата“, истакна министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

На денешното објавување на Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во 2018, министерот Алаѓозовски рече дека се запазени законските рокови за негово објавување и дека редизајнираниот Конкурс е успгласена со главните одредници на нацрт-стратегијата во културата за наредните 5 години. Тој истакна дека работните групи работеа под силен временски притисок, но дека е постигната главната цел – Конкурсот дава многу пошироки можности за апликантите отколку досега. Министерот Алаѓозовски додаде дека ќе има потреба од уште еден отворен повик што ќе трае во текот на целата година, а кој ќе им излегува во пресрет на поитни, ад-хок проекти, како и повик за мобилност, што на уметниците ќе им овозможува олеснето патување во странство на конференции, состаноци, како и на нивно претставување на разни културно – уметнички манифестации.

Од работните групи кои работат на нацрт-стратегијата и на редизајнот на Конкурсот, зборуваа Валентина Поцеска и Оливер Мусовиќ.

Поцеска ја повика јавноста и натаму отворено да дава предлози за Стратегијата на predlozi.strategija@kultura.gov.mk, зашто како што рече, во јавната дебата најважен е гласот на оние кои се директно вклучени во процесот на создавање на културните вредности, како и од оние за кои се тие наменети. Таа посочи дека за сите отворени прашања и сугестии, во блиска иднина ќе има повторни јавни дебати низ земјава, организирани од граѓанските организации со помош на партнерите од УСАИД и од Фондацијата Фридрих Еберт.

Мусовиќ објасни дека Конкурсот, кој го изготвуваше со Виолета Качакова, сега нуди пошироки можности и подеднаков модел на пријави за сите дејсности. Се отвора простор за апликации за програми кои досега немало можност да се обидинети во еден проект како што се послжоени и интердисциплинарни проекти. Тој најави и проширување со посодветен кадар во комисиите кои ќе одлучуваат, и подетален извештај за проектите кои ќе добијаат поддршка, вклучувајќи ја и сумата на одобрени средства.

Рокот за апликации е до 15 ноември, а одлуката според легиславита треба да е донесена до крајот на годината.

Конкурсот и пријавите за алицирање можат да се пронајдат на следниот линк:

http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066————-2018—–